Охрид, 11. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Делегација на Општина Охрид, предводена од претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, по повод 11. Октомври, Денот на народното востание, положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци од НОБ во Градскиот парк.
Пред спомен обележјата на борците свежо цвеќе положија и членови од Сојузот на Борците и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од Охрид.
По повод празникот, свежо цвеќе беше положено и пред спомен-обележјата пред Основниот Суд, пред Средното економско училиште и кај Градските гробишта. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 140