Охрид, 12. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Република Македонија го чува споменот на својот музички ангел, неповторливиот Тоше Проески.
Во Националната опера и балет во Скопје, денеска и утре ќе се одржи првиот интернационален музички фестивал „Песните на Тоше“. Промоторот Марјан Катароски, вели дека целта е да продолжат да живеат песните на Тоше Проески, и новите генерациии да ги пејат.
– Ќе има учесници од Македонија, од цела екс Југославија, од Израел, Украина, Русија… Музичарите кои секаде го следеа Тоше Проески, од првата вечер ќе ги изберат најдобрите дваесетина учесници што ќе настапат утредента, на гала вечерта, вели Катароски.
Фестивалот директно ќе го пренесува Македонската телевизија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 91