News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 13, 2024

Охрид, 13. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Се’ повеќе истражувања ја потврдуваат важноста на исхраната за одржување на здравјето и намалување на ризикот од сериозни болести, вклучително и рак.

Британскиот нутриционист Toral Shah вели дека зеленчук како што е зелката и брокулата, може значително да придонесе за превенција од одредени видови на рак. Оваа едноставна храна, која е лесно достапна на секој пазар, крие моќни природни заштитници на здравјето.

Зелката е зеленчук богат со корисни материи, но големи придобивки за здравјето имаме и од чинија брокула, кељ, карфиол, ротквици, репа, па дури и блитва. Нивната тајна лежи во уникатните соединенија и влакна кои не само што го подобруваат варењето, туку помагаат и за одржување на здравјето на цревата, што е клучно за спречување на рак на дебелото црево. Влакната кои ги содржат, играат важна улога како храна за корисните цревни бактерии. Така, не само што одржуваме здраво варење, туку и го стимулираме формирањето на соединенија кои имаат антиинфламаторно дејство и помагаат во одбраната од разни болести, вклучувајќи го и ракот.

Кога јадеме зелка, брокула и сличен зеленчук, нашето тело произведува активни соединенија како што се индол и сулфорафан. Според истражувањата, овие соединенија се клучни за намалување на ризикот од рак. Имаат антиинфламаторно дејство, но и го спречуваат развојот на туморските клетки и ширењето на метастазите. Делуваат така што блокираат одредени ензими поврзани со развојот на ракот и ги стимулираат природните процеси на детоксикација на телото. Овие процеси му помагаат на телото да се ослободи од штетните материи кои би можеле да придонесат за развој на болеста. Експертите тврдат дека е важно да го вклучиме овој зеленчук во вашата секојдневна исхрана, не само како превенција од рак, туку и како поддршка за целокупното здравје.

Богат е со витамини Ц и К, каротеноиди и минерали кои го поддржуваат здравјето на коските, срцето и имунолошкиот систем. Редовното консумирање зеленчук како зелка и брокула може да помогне во одржување на здрава тежина, намалување на холестеролот и регулирање на нивото на шеќер во крвта.

Правилната исхрана е еден од клучните фактори за превенција од многу болести. Иако ниту една храна сама по себе не може целосно да го спречи развојот на ракот, комбинацијата на здрава исхрана, физичка активност и избегнување на штетни навики може значително да го намали ризикот.

Јадењето зелка, брокула и сличен зеленчук е едноставен чекор кон поздрав живот. Најдете го вашиот омилен рецепт, додајте го овој зеленчук во вашите дневни оброци и дајте му ја на вашето тело природната заштита што ја заслужува. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука