Охрид, 13. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Познати се првите детали за смртта на поранешниот премиер на Шкотска Алекс Салмонд. Порталот 4news.mk, неофицијално дознава дека причината за ненадејната смрт на познатиот политичар е срцев удар.
Утрово се огласи и кралот кој изјави дека е многу тажен поради ненадејната смрт на Салмонд, првиот министер на СНП на Шкотска. Во пораката издадена од Бакингемската палата, кралот Чарлс истакнува: „Мојата сопруга и јас сме многу тажни што слушнавме за ненадејната смрт на Алекс Салмонд.“
– Неговата посветеност на Шкотска ја поттикна неговата децениска јавна служба. Изразуваме длабоко сочувство до неговото семејство и најблиските во овој момент, стои во пораката.
Салмонд беше учесник на Школата за млади лидери организирана од поранешниот претседател на Македонија Ѓорѓе Иванов. По одржавата сесија, тој седнал на ручек каде му се слошило и паднал.
Брза помош констатирала смрт, а јавен обвинител наредил обдукција врз телото. (Крај)
извор: 4news.mk фото: архива