News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 15, 2024

Охрид, 15. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Оскаровецот Ahmir „Questlove“ Thompson го режира новиот документарен филм за фанк, соул и R&B легендите Earth, Wind & Fire.

Фронтменот на Roots ја објави веста на Instagram и откри дека „дефинитивната приказна за елементите“, како што тој ја нарекува групата „доаѓа во 2025 година“. Моментално е без наслов, а филмот ќе ја истражува историјата на бендот, како и нивното огромно културно влијание и наследство.

– Научив многу за нив, научив за нас и уште поважно, научив и повторно се открив себеси во тој процес, вели Questlove во објавата. додавајќи дека е возбуден што може да игра улога во „зачувувањето на нивната позитивна, но многу ранлива и реална приказна за душата, себе и борбата (Soul, Self & Struggle).

Со целосна поддршка од членовите на Earth, Wind & Fire и ексклузивен пристап до нивните визуелни, аудио и пишани архиви, Questlove ќе ја раскаже „приказната за тоа како бендот предводен од генијот од Чикаго го промени начинот на кој размислуваме, но и нашите умови и срца“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука