Охрид, 18. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Старите мајстори New Order објавија ремастеризирана верзија од нивниот албум од 1986 година, „Brotherhood“.
Двојните CD, DVD и единечни винил изданија ќе бидат достапни во музичките продавници од 22-ри ноември преку Warner Music.
Нивните обожаватели може да очекуваат девет необјавени песни, демо снимки од студиските снимања во 1985 година во Јапонија, како и снимки во живо од Манчестер во 1986 година, Гластонбери и лондонската Brixton Academy една година подоцна.
Минатата година, New Order ја прославија 40-годишнината од издавањето на култната „Blue Monday“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 82