Охрид, 14. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро и понатаму е далеку под просекот за овој период од годината.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,19 м.н.в, што е за 12 сантиметри под просекот за октомври (693,31 м.н.в), два над природната кота (693,17 м.н.в), односно 9 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в).
Податоците за хидролошката состојба покажуваат дека во изминатава недела водостојот не е променет и е задржана истата кота, додека пак од почетокот на месецов варира за сантиметар до два.
Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 21. степени.
– Следува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Наутро ќе биде посвежо, а од средината на работната недела и со услови за појава на утринска магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР