Скопје/Охрид, 14. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во август годинава Република Македонија ја посетиле вкупно 232. 576 туристи, од кои 113.004 биле домашни, а 119.572 се странски туристи.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата изнесува 911.478. Во однос на структурата на странските туристи и овојпат најмногубројни биле Турците – 50.227, следуваат гостите од Србија – 9.898, од Романија – 5.996, од Холандија – 4.997.
Во периодот јануари-август 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8,3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0,9 %, а кај странските има зголемување за 14,4 %.
Во анализираниот период зголемен е и бројот на ноќевањата за 5,3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2,6 %, а кај странските има зголемување за 9,3 %. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес