News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 14, 2024

Скопје/Охрид, 14. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за култура и туризам Зоран Љутков е задоволен од сработеното во првите 100 дена од работата. Најавува нови проекти и иницијативи кои ќе ја унапредат културната понуда.

На денешната прес-конференција, Љутков во делот на Охрид посочи дека е започната реконструкцијата на Музејскиот комплекс „Музеј на вода“, каде е доекипиран кадарот и извршена е реконструкција на оштететниот систем за надводнување, а за следната година се планира санација на платформата на наколната населба и на покривните покривки на колибите.

– На Плаошник, во тек се активностите за довршување на изградбата на Светиклиментовиот универзитет, истакна Љутков.

Во делот на туризмот, кој со реорганизацијата на министерствата, потпадна под Министерството за култура, Љутков рече дека соработката со германскиот туроператор „РСД“ треба да донесе 35 илјади туристи од Европа годишно, почнувајќи од февруари идната година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука