Охрид, 14. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти октомври 2024 година, во 17:39 часот во СВР Охрид, е пријавено дека во хотел во Охрид, од балкон паднал гостин во хотелот.
– Се работи за 49-годишно лице од Австрија, кој бил во друштво со 40-годишно лице од Бразил. Тој бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му била констатирана тешка телесна повреда. За настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 319