Охрид, 15. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полни 11 години, познатата охридска компанија Cleanex Professional останува верна на слоганот под кој работат – Екстра чисто, Екстра брзо, Екстра професионално.
Со сериозен и професионален однос кон работата, задоволни клиенти и сериозен список на соработници, тие опстојуваат повеќе од деценија на пазарот во Охрид и пошироко и продолжуваат со развој и надградување на капацитетите и секако најважното – луѓето кои работат и кои се главната сила и „моторот“ на Cleanex Professional.
– Дел од услугите кои ги нудиме се сезонски генерални чистења на домови и деловни простории, тековно одржување канцеларии и други објекти, чистења по градежни активности, машинско чистење подови, технологија за перење на големи површини теписи кои не е возможно да се отстранат од местото, чистење стакла на недостапни површини, целосни вешарајски услуги за сите домови и сместувачки капацитети, хотели, мотели, апартмани со бесплатно подигнување и достава од врата до врата, користејќи врвна технологија и сертифицирани еколошки хемиски средства. Оваа тенденција на раст и напредок очекуваме дека ќе ја одржуваме и за секој нареден роденден, вели првиот човек на Cleanex Professional Дарко Симоноски.
Од Cleanex Professional порачаа дека родендените не се за броење години, туку да се бројат спомените што ги создаваме ЗАЕДНО.
– Најубавите спомени од минатата година ги ставаме во рамка и ја отвораме новата година, со уште повеќе енергија, желба и мотив за заеднички успех. Со ваков тим и вакви клиенти, годините се само бројки… Одиме понатаму заедно. 11 години ваш Cleanex Professional – Сервис за хигиена, додаваат од компанијата.
Честитки за јубилејот и од комплетната екипа на Супер радио и OhridPress.
Повеќе за компанијата на нивната официјална веб страна и на профилот на Facebook. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива