Билтен на МВР: Полицијата пронајде хероин кај лице од Охрид на улицата „Пере Тошев“
октомври 15, 2024

Охрид, 15. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

– При извршена контрола на улицата „Пере Тошев“ во Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид кај него пронајдоа и одзедоа хероин, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука