Охрид, 17. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 18. степени.
– До недела ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време. Утре ќе има услови за појава на магла по одделни котлини, а во петок и сабота слаб локален дожд претежно во западните делови. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 31