Охрид, 17. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници го прославуваат денешниот ден во чест на Светиот свештеномаченик Еротеј.
Другар на свети Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од светиот апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна, овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на успението на Пресвета Богородица и Еротеј се јави во Јерусалим и учествуваше во погребот.
Со своето Божествено пеење, мнозина ги приведе кон срдечно умиление и се покажа себеси како маж вдахновен одозгора. Многу се потруди во делото на Евангелието, многубројни незнабошци ги обрати кон вистината, добро го управуваше своето словесно стадо, и најпосле заврши маченички за Христа, Којштo му даде двоен венец во Царството Небесно: венец на јерарх и венец на маченик.
Тропар
О Еротее свет епископе, Господ подари умиление на срцето твое, Пресветата придружник на Нејзината свита те постави, моли се за нас, пастиру на овците словесни, пред твоите страдања да се поклониме, и да не заборавиме дека во Бога едно треба да бидеме, за да по твоите молитви добиеме спасение. (Крај)
извор: mpc.org.mk фото: архива