News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 17, 2024

Охрид, 17. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Припадници на МВР денеска реализираат симулациска вежба во Охрид.

Активности ќе се изведуваат и на одредени точки во водите на Охридското Езеро поради што е ограничена внатрешната пловидба на дел од пловниот пат од каналот до комплексот „Инекс“.

Има комплетна забрана за движење по пешачките патеки околу комплексот „Инекс“, како и забрана за паркирање на паркинг просторот кај хотелот „Инекс Горица“. Денеска до 13:00 часот забрана за движење ќе има и на пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта, информираат од СВР Охрид.

Од Секторот апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои, на овој простор ќе преземаат мерки од областа на безбедноста. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука