News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 17, 2024

Охрид, 17. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ донесе одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2024 година на поетот Славе Ѓорѓо Димоски за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија.

Претседател на Одборот за доделување на наградата „23 Октомври“ е Блаже Миневски. Наградата ќе му биде врачена на добитникот во среда, на 23-ти октомври 2024 година, во 12:00 часот во Собранието на Република Македонија.

Славе Ѓорѓо Димоски е роден на 18-ти март 1959 година во селото Велестово, Охрид. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Живее и твори во родното село. Во два мандата бил претседател на НУ „Струшки вечери на поезијата“. Димоски е основач и долгогодишен претседател на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“ која традиционално се организира секое лето во неговото родно село. Член е на македонскиот ПЕН центар. Пишува поезија за деца и возрасни. Застапуван е во многу антологии и преведуван на неколку десетици јазици. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука