Охрид, 18. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во тек е уредување на дел од улицата „Дејан Војвода“ на потегот кај ЕВН, од пресек со улица „Македонски просветители“ до пресек со улица „Абас Емин“.
На овој потег период наназад се изведуваа градежни зафати за реконструкција на водводната линија и фекалната канализациона мрежа, но чести беа дефектите во водоводната мрежа, поради што жителите од оваа и од улицата „Македонски просветители“ имаа прекин во водснабдувањето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 161