октомври 18, 2024

Охрид, 18. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Владата ги одобри сите 10 проекти со кои Општина Охрид аплицираше на јавниот повик за изразување на интерес од страна на општините за финанасирање на инфраструктурни проекти објавен од страна на Министерството за локална самоуправа, информираат за Супер радио и OhridPress од локалната самоуправа.

Десетте општински проекти што се одобрени се:
– Реконструкција на улица во село Пештани;
– Реконструкција на улица во село Подмоље;
– Реконструкција на улица во село Долно Лекочереј;
– Реконструкција на водоводна линија на улицата „Кленоец“ ЛТХ „Леарница;
– Реконструкција на пешачки улици во рамките на градските гробишта во Охрид;
– Реконструкција на локален пат од крстосница за село Рамне до црквата „Свети Атанасиј“;
– Проект за замена на постоечка опрема во пумпна станица „Метропол“;
– Реконструкција на атмосферска и фекална канализациона мрежа за дел од улицата „Кленоец“;
– Реконструкција на улица во село Опеница која води до црквата „Свети Кузман и Дамјан“;
– Рехабилитација на дел од локален пат за село Куратица.

Според најавите, ќе се работи и на подобрување на условите за живеење во сите урбани и рурални средини во Општина Охрид.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Локална самоуправа, Општина Охрид

По извршената евалуација од страна на ресорните министерства, Владата на Република Македонија одлучи оваа година да бидат финансирани вкупно 274 проекти во 77 општини, со вкупна приближна вредност од 4 милијарди и 27 милиони или 4.026.636.382 денари.

Владата изрази благодарност на општините за максималната посветеност и ангажираност, што само ја докажува нивната способност и волја за инфраструктурен напредок, за што, во изминативе години немале можност поради ограничените финансиски средства. Почнувајќи од оваа година и во наредните години, на општините им се отвара нова можност да ги реализираат приоритетните проекти, да ги подобрат основните услови за живеење за граѓаните, да можат општините да се развиваат побрзо и да се создаваат нови можности за граѓаните.

Владата донесе одлука да не ги финансира проектите на Град Скопје, Струмица, Сарај и Теарце, но премиерот најави дека Владата ќе го продолжи рокот за аплицирање до 15-ти ноември, овозможувајќи на општините што биле одбиени да поднесат нови апликации. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука