Охрид, 18. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во тек се градежни активности за изградба на фекална и атмосферска канализација на краци од улиците „Дејан Војвода” и „Македонски Просветители“ со нови приклучоци за сите објекти, напиша на Фејсбук градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.
– Согласно проектот предвидено е да се изградат и нови тротоари со камени плочи, нови рабници и ќе се постави ново осветлување. После завршувањето на овие активности двете улици ќе се асфалтираат, додава Пецаков.
Вкупната вредност на проектот изнесува околу 14 милиони денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 117