Охрид, 19. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, денеска во периодот од 11:00 до 13:00 часот ќе се одржи хуманитарна акција за помош на нашата сограѓанка Бојана Бонеска.
Акцијата е во организација на Црвен крст Охрид и Орифлејм Македонија.
– Волонтерите на Црвен крст Охрид ќе ве забавуваат промовирајќи дел од своите креативни програми, за сите хумани посетители кои, според своите можности, ќе донираат за лекувањето на Бојана, додека тимот на Oriflame, ќе врши бесплатен скрининг на тело на Танита вага, со одредување на телесната тежина и комплетната здравствена состојба на организамот, како и целосна, професионална анализа-скрининг на кожата на лицето за чувствителност, брчки, акни, меланин, пори, со Апи апарат, информираат организаторите.
Средствата собрани од овој хуманитарен настан ќе бидат наменети за помош во лекувањето на Бојана, на која пред девет месеци и’ е дијагностициран Small Bowel Neuroendocrine Carcinoma.
Донација може да се направи и преку телефонските броеви: А1 143-450 и Телеком 143-122 (100 денари од повик), како и на сметките за донација:
денарска сметка: 200003057020079 MKD
IBAN: МК07200004151704073 AUD
IBAN: МК07200004151699514 EUR
IBAN: МК07200004151698059 SCF
IBAN: МК07200004157877153 USD
Стопанска банка АД Скопје, шифра 562, корисничко име Бојана Танеска Бонеска, цел на дознака: донација за лекување во странство.
Сите кои се во можност можат да донираат и преку GoFundMe. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива