News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 19, 2024

Охрид, 19. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти октомври 2024 година, во 20:55 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на крстосницата од булеварот „Туристичка“ со улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, патничко возило марка „Фолксваген туарег“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 43-годишно лице од селото Лешани, Општина Дебрца удрило во 43-годишна жена од Струга.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид, информираат од Секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука