Охрид, 19. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со натпреварот од Европскиот куп против романскиот тим Потаиса Турда, охридските ракометари денеска се враќаат на европската сцена по пауза од седум години.
Натпреварот ќе започне во 19:00 часот во спортската сала „Билјанини извори“
– Турда е една од водечките екипи во романското првенство, составена е од квалитетни романски репрезентативци и интернационалци. Имаме многу сознанија и видеоматеријали, ги анализираме, и тие имаат слабости, добро се подготвуваме. Ниту се плашиме, ниту ги преценуваме, ниту ги потценуваме. Турда има поголемо искуство од играње во Европа и затоа тие се фаворити. Ова е двомеч од две полувремиња, првото полувреме е тука во Охрид и затоа ги повикувам навивачите да дојдат во што поголем број, а на крајот се надеваме дека по второто полувреме во Романија ние ќе бидеме тие што ќе се радуваат, рече тренерот Стевче Алушовски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива