News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 19, 2024

Охрид, 19. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридските „Тамаро“ маркети се партнери во „Неделата на борба против гладта“ со Црвен крст Охрид, акција која секоја година се одбележува во периодот од 16-ти до 22-ри октомври.

– Одбележувањето се прави преку собирни акции во маркетите и училиштата преку кои хуманите граѓани можат да донираат храна за оние на кои таа им е потребна. Оваа година овие акции се одржуваат во соработка со маркетите „Тамаро“, на улицата „АСНОМ“ и „Миса“ на улицата „7-ми Ноември“, но и во сите основни и средни училишта. Ги мотивираме сите граѓани на Охрид да се вклучат во одбележувањето на оваа недела и со своите хумани акти да придонесат кон пружањето помош на оние кои им е најпотребна, порачуваат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука