Охрид, 19. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Младата и супер-талентирана, 25-годишна пејачка Sabrina Carpenter е првата музичарка по 71 година која поминала полни 20 недели на врвот на Официјалната сингл листа, пишува Official Charts.
По повеќе од десет години во светот на музиката и актерството, Sabrina минатата година доживеа светска слава и стигна до врвот на престижните топ листи со глобалните хитови „Nonsense“ и „Feather“, кои и денес се вирални на социјалните мрежи. Годинава постигна огромен успех со сингловите „Espresso“ и „Please Please Please“.
Таа е втор уметник во историјата кој успеал да помине 20 недели на врвот на Сингл листата
Нејзината песна „Taste“ го држи првото место осма последователна недела, што ја прави најдолготрајниот број 1 сингл во 2024 година. Ова достигнување значи дека Sabrina помина вкупно 20 недели на врвот на Официјалната Сингл листа оваа година со „Taste“ (осум недели на број еден), седум недели на број еден позицијата со „Espresso“ и пет со одличната „Please Please Please“.
Таа е само втората пејачка во историјата на музиката која поминала 20 недели на првото место во една календарска година. Претходно, само пејачката Frankie Laine го постигна тоа во далечната 1953 година.
Sabrina го обезбеди и својот четврти топ 10 хит од албумот „Short N’ Sweet“. Нејзината песна „Bed Chem“ влезе на топ листата на деветтото место.
Таа беше и на насловната страница на 100-те највлијателни млади лидери на Time
Sabrina овој месец се најде и на насловната страница на Time’s 100 Next, листата на која се највлијателните поединци кои ја обликуваат иднината на нивните области. На оваа листа се млади лидери, иноватори и ѕвезди во подем од различни сектори, како што се технологијата, забавата, политиката, спортот и други индустрии.
Светската слава ја стекна со синглот „Еспресо“
Иако оваа 25-годишна девојка веќе подолго време е на сцената како пејачка и актерка, таа стекна светска слава со синглот „Еспресо“, кој го претстави за време на нејзиниот настап на Coachella 2024. Ја освои својата прва MTV награда оваа година на VMA наградите за песна на годината во 2024 година, токму со хитот „Espresso“.
Таа е една од најпопуларните пејачки на новата генерација
Sabrina моментално е една од најпопуларните пејачки на новата генерација. Во тоа и помогна популарната Taylor Swift, која ја избра за пејачка која ќе ја придружува на турнејата Eras.
По нејзиното актерско деби во 2011 година, таа ја доби главната улога во серијата на каналот Disney, „Girl Meets World“, која е spin-off на популарната серија „Boy Meets World“. После тоа следуваа и други појавувања во различни серии и проекти на Disney, по што Sabrina се префрли во светот на музиката, следејќи ги стапките на легендите на Disney како Miley Cyrus и Selena Gomez. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива