News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 20, 2024

Охрид, 20. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти октомври 2024 година, во 16:30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на кеј „Македонија“ во Охрид патничко возило марка „Ауди А3“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 19-годишно лице, удрило во 18-годишен пешак, двајцата од Охрид.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. При ударот било оштетено паркирано патничко возило „Фолксваген транспортер“ со тетовски регистарски ознаки. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука