Струга, 20. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 29-годишно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“.
– Тој, на 21-ви август годинава, искористил згодна прилика и од паркинг простор во Струга, неовластено одзел моторно возило марка „Лада Самара“, во сопственост на 25-годишно лице од Прилеп. По преземени мерки, возилото било пронајдено во Скопје, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 280