Охрид, 22. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Добитничката на 13 Grammy награди Lady Gaga го објави новиот албум „Harlequin“, кој ги носи слушателите на патување кое совршено ја доловува суштината на оваа дама како ексцентричен претставник на поп културата.
Албумот ја истражува суровата емоционална сложеност на женскиот лик кој напредува во хаос, персонификација на моќна сила што не може да се задржи.
– Си игравме со жанровите преку музичка продукција, менувајќи ги текстовите и пристапувајќи до песните од големата американска лексика, со цел да ја истакнеме сложеноста на жената која има опасност во себе, но во исто време носи чувство на сладост и не може лесно да се дефинира, објаснува Gaga.
Класиците како „Good Morning“ и „Get Happy“ се лирски преработени за да се истакне бунтовничкиот дух, додека „Oh When The Saints“ и „World On A String“ добиваат сосема ново значење преку енергични аранжмани кои ја рефлектираат нејзината дива, нескротлива. природа.
Оваа дама совршено знае како функционира шоу бизнисот и маестрално плива во неговите води.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива