News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 24, 2024

Охрид, 24. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Комбинација на различни фактори, особено гените и околината, веројатно е исклучително важна за долговечноста. Најдолговечните луѓе живеат на деловите од светот кои се наречени „Сини зони“, каде живеат најмногу долговечни луѓе.

Некои од овие оази се Костарика, Сардинија и Окинава. Нивната тајна е секако во начинот на живот, физичката активност, конзумирањето домашна, локално одгледувана храна, доволно спиење, но и во начинот на кој го доживуваат животот и светот.

На пример, можеме многу да научиме од луѓето кои живеат на јапонскиот остров Окинава.

Нешто повеќе од еден милион жители кои го населуваат тој остров имаат најдолг животен век на Земјата, со четири пати повеќе стогодишници во споредба со западните земји, а нивниот начин на живот игра значајна улога во тоа. Имено, жителите на Окинава практикуваат еден вид културна навика што е на локалниот јазик се нарекува hara hachi bu – според која тие престануваат да јадат при првиот знак на ситост.

Тоа би значело дека јадат приближно 20% помалку од нас, односно 400-500 калории помалку секој ден. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука