Охрид, 21. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Авантуристичкиот клуб „Mountain madness“ традиционално по 10 пат огранизираше уште едно успешно искачување на врвот Митикас на планината Олимп во Грција.
Групата ја предводеа претседателот на клубот Мишко Танески, со долгододишно висогорско планинарско искуство и Жанко Зш Голабоски долгогодишен планинар, кои патем овој врв го имаат искачено десетина пати.
Екипата стартуваше од месноста Приони на 1.100 м.н.в, а целта беше врвот Митикас на 2.918 м.н.в.
Од клубот истакнаа дека сите досегашни искачувања на Олимп што ги организирале се успешно реализирани.
– Екипата ја сочинуваа 9 лица, од Охрид, Скопје и Подгорци кои за првпат го искачуваа овој врв. Им честитаме на нивната упорност и истрајност. Мора да истакнам дека беа дисциплинирани и ги почитуваа правилата на движење и заштитните мерки. Голема благодарност за поддршката до OhridPress, мото центар „Амбасадор“, хотел „Тино“ и гостилница „Кај Мече“. Често пати велам па и овојпат, Олимп не може да се опише, Олимп треба да се доживее, вели Голабоски.
– При вакви напорни тури нормални се моментите на криза, но со наша помош се трудиме секој учесник да ги преброди и успешно да стигнеме до зацртаната цел, овојпат врвот Митикас, потенцира Танески.
Од клубот потенцираат дека веќе се подготвуваат за следни подвизи на повеќе интересни планини и врвови, меѓу кои Триглав во Словенија, Вихрен во Бугарија и многу други. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: „Mountain madness“