Охрид, 21. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Младите охридски боксери продолжуваат да нижат успеси на меѓународен план.
Браќата Наум и Христијан Стојаноски од клубот „Алексо Огненовски“ од Охрид освоија сребрени медали на Опен Балкан куп што се одржа во Лозница, Србија.
Христијан Стојаноски се натпреваруваше во категорија јуниори (48 кг), а противник му беше државниот првак на Србија, Павле Поповиќ. Наум Стојаноски во категоријата младинци (71кг) боксуваше со Вељко Крстиќ, национален шампион и петкратен шампион на Војводина.
Покрај браќата Стојаноски, боите на Охрид и Македонија ги бранеа и Михаил Аврамовски, кој победи со предавање на борба, но без медал, како и Петар Трајчевски и Димитар Ѓорески.
Подвизите на нашите боксери не застануваат тука, Наум Стојаноски веќе е во Будва, Црна Гора, каде ќе настапи на Светското младинско првенство. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива