News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 21, 2024

Охрид, 21. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40-годишниот А.Р. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“ по член 391 став 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик.

– Од 10-ти ноември 2020 година, пријавениот бил именуван за правобранител за подрачјето на Охрид и од тој ден ја ставил во мирување својата адвокатска дејност. Но, и покрај тоа, подоцна тој пред надлежниот Основен суд Охрид во три наврати и тоа во предмет лажно се претставил како адвокат и застапувал странки во постапки пред надлежниот суд, прикривајќи го фактот дека адвокатската дејност му е во мирување, а со цел да прибави за себе противправна имотна корист и на тој начин го сторил кривичното дело, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука