октомври 22, 2024

Охрид, 22. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за социјална политика, демографија и млади на Република Македонија информираат дека, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), утре, 23. Октомври 2024 година, Денот на Македонската револуционерна борба е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Денот на Македонската револуционерна борба како државен празник се одбележува од 2007 година, кога беше изгласан новиот Закон за државни празници. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука