Скопје, 25. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) одбележува 10 години постоење.
По тој повод, денеска, во Амфитеатарот на МАНУ, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи свечена програма.
Според најавите, поздравен говор ќе има претседателот на МАНУ Живко Попов, по што е предвидено пригодно обраќање на Вера Битракова Грозданова, раководител на ИЦКН „Цветан Грозданов“.
Дел од програмата е и промоцијата на монографијата „Св. Климент Охридски 190 портрети“. Промотор на ова дело ќе биде Драган Војводиќ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 91