News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 23, 2024

Охрид, 23. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денес се празнува Денот на Македонската револуционерна борба, кој се одбележува од 2007 година кога беше донесен и изгласан новиот закон за државни празници.

Празникот се одбележува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун.

На 23-ти октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет. Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.

Со повеќе активности, и оваа година, Општина Охрид го одбележува 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Во големата општинска сала беше промовирана втората книга „За македонистиката отворено“ од авторите проф. д-р Димитар Пандев и Свето Стаменов. Централната свеченост по повод празникот се одржа во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“. Се обрати претставник на Општина Охрид, а се одржа и богата културно-уметничка програма. Денеска од 10:00 часот во Градскиот парк ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата на охридските револуционери. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука