News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 23, 2024

Охрид, 23. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот ѓеврек е меѓу најпрепознатливите делови на охридската гастрономија и омилен појадок за бројни охриѓани со децении наназад.

Модерното време овозможи во неговиот вкус да уживаат и бројни вљубеници во него низ Република Македонија, а очигледно добриот глас стигнал и многу подалеку,

Facebook страницата Убавини објави видео во кое се гледаат бројни македонски производи, кои се продаваат во ланецот на LIDL во Хрватска, а според дел од коментарите на читателите, ги има и во многу други маркети во Хрватска.

– Како во Хрватска се радуваат што во LIDL добиле македонски производи, кашкавал, охридски ѓевречиња, ајвар, лутица, пирошки… Ние сами не сме свесни колку добра храна имаме тука, потенцираат во објавата.

Познатото охридско ѓеврече е производ на компанијата „Жито леб“, која успешно работи од далечната 1947 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Убавини

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука