News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 23, 2024

Визбаден, 23. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во величествената, барокна палата Beibrich, во малиот град Wiesbaden, денеска се одржува свечена церемонија на која на претставници на УНЕСКО официјално ќе го врачат сертификатот со кој берлинската техно култура станува дел од нематеријалното културно наследство на Германија.

Како претставници на берлинската техно култура, на манифестацијата ќе учествуваат членовите на непрофитната организација Rave the Planet: Dr. Motte, Timm Zeiss, Ellen Dosch-Roeingh и други.

На свеченоста, која започнува во 16:00 часот, ќе присуствуваат: Timon Gremmels, во име на Министерството за култура, Christoph Wulf и Marlen Meißner од германската канцеларија на УНЕСКО и Antje Reppe, советничка во центарот за истражување на нематеријалното културно наследство.

Официјалниот дел од програмата ќе заврши околу 17:30 часот со настап на Dr. Motte. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука