News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 24, 2024

Охрид, 24. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ротари заедницата низ целиот свет го обележува 24 Октомври како Светски ден на борбатa против детската парализа (End Polio).

Тој ден и периодот околку е време за членовите на Ротари Клубовите, лекарите, претставниците на јавното здравје и сите луѓе кои сакаат свет без детска парализа да се здружат, да го одбележат овој ден и да ја кренат свеста за борбата за ставање крај на детската парализа, како и да зборуваат за активностите што треба да ги преземеме за да ставиме дефинитивен крај на ова зло. Ротари беше пионер во борбата против детска парализа, кога во 1978 година започна со многу амбициозна цел за сите ние да стигнеме до свет без полио.

– Во сите овие години членовите на Ротари успеаа да соберат и да вложат повеќе од 2,1 милијарди долари и безброј непосредни волонтерски часови во најпогодените региони низ светот за заштита на речиси 3 милијарди деца во 122 земји од оваа парализирачка болест. Исто така напорите на Ротари одиграа улога во одлуките на владите низ светот да се вклучат со повќе од 10 милијарди долари во остварување на целта. Ротари работи на искоренување на детската парализа повеќе од 35 години и заедно со вас успеа да постигне неверојатен напредок во борбата, а како основачки партнер на Глобалната иницијатива за искоренување на детска парализа, помогна да се намалат случаите на полио за повеќе од 99,9 проценти.
За жал во последните години поради појавата на здравствено неосновани и научно неоправдани движења кои се противат на одредени основни историски хумани придобивки, процентот на зачестеност на детската парализа повторно се зголемува кога истата можеше во целост да биде искоренета, информираат од Ротари Клубот „Охрид“.

Вечерва, од 19:30 часот, во кафе бар „Су“ ќе го одбележат Светскиот ден на борбата против детската парализа (End Polio) со неформално дружење и делење на флаери на присутните.

– Целта е да се подигне свеста за борбата против оваа болест и нејзино конечно искоренување. Настанот е од отворен карактер, а претставници на клубот, во дел од објектот ќе ги запознаат присутните за нивните активности, потенцираат од Ротари Клубот „Охрид“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука