Норвешка ќе им забрани на помладите од 15 години да користат социјални мрежи
октомври 24, 2024

Осло, 24. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Норвешката влада сака да им забрани на помладите од 15 години да ги користат социјалните мрежи како обид да се заштитат децата од штетни содржини и технолошки гиганти.

Планира да внесе амандман во законот за лични податоци со кој долната возрасна граница за користење социјални мрежи ќе биде 15 години.

– Тоа испраќа доста силен сигнал“, изјави премиерот Јонас Гар Стере.

Моментално, лицата треба да имаат најмалку 13 години за да се даде одобрение за собирање и обработка на лични податоци од страна на социјалните мрежи. И покрај тоа, 53% од деветгодишниците, 58% од 10-годишниците и 72% од 11-годишниците користат социјални мрежи, според Норвешката управа за медиуми.

Затоа следниот чекор ќе биде да се поттикне решение за проверка на возраста на социјалните медиуми. Иако оваа електронска контрола се уште не е воспоставена, норвешката министерка за деца и семејства Кјерсти Топе е убедена дека ќе испрати јасен сигнал до родителите, давајќи им легални средства да одбијат да им дозволат на нивните деца да завршат на социјалните мрежи.

– На овој начин, на родителите им се дава можност да кажат ‘не‘. Знаеме дека многумина сакаат да кажат ‘не‘, но не чувствуваат дека можат“, рече Топе. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука