Охрид, 24. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро изминативе неколку дена е на природната кота од 693,17 м.н.в.
Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е за 14 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,31 м.н.в) и само 7 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).
Нискиот езерски водостој предизвика од препознатливиот симбол на градот Охрид, Билјанините извори деновиве да не тече вода. Идентична состојба во овој период од годината имаше и изминатите години.
Во Охрид денес прeтежно сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 18. степени.
– Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и температури кои наместа ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР