Скопје/Охрид, 24. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Заменик директорот на ЈП „Државни патишта“, Назим Таипи денеска во емисијата Daily Click на Тв21 порача дека работите на автопатот Кичево-Охрид треба да завршат до 2026 година.
Според него, работите сепак може да се одложат.
– Работите треба да завршат до 2026 година, но поради некои проблеми како свлечишта, прашањето за некои обештетувања, работите може да се одложат, вели Таипи. (Крај)
извор: Тв21 фото: архива
Прочитано: 399