Струга, 24. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти октомври 2024 година, во 12:00 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во атарот на струшкото село Глобочица, кај месноста „Ѓурчин вир“, пронајден е починат 60-годишниот К.М. од Струга, за кој на 21-ви месецов, неговиот брат пријавил дека се оддалечил од домот.
– Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 161