Охрид, 25. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Поради голем интерес, најновата претстава на Народен театар Охрид „Кумови“ од Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин повторно ќе биде на репертоарот во четврток, 31-ви октомври.
Во претставата играат актерите: Адријана Билаловиќ -Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска – Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев.
Преводот и драматургијата се на Кристина Тодороскса – Петреска, сценографијата на Татјана Христоска- Бажевска, а костимографијата на Марија Пупуческа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 83