Скопје/Охрид, 26. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На платото позади Трговскиот центар „Капитол“ (пред Жито маркет“) во Скопје, денеска од 12:00 до 14:00 часот ќе се одржи хуманитарен базар за помош на охриѓанката Бојана Танеска Бонеска.
– Сите за Бојана, вашата помош значи. Изработките ќе бидат направени од вредните рачиња на дечињата од населбата „Аеродром“ во Скопје, порачуваат организаторите.
На Бојана пред девет месеци и’ е дијагностициран Small Bowel Neuroendocrine Carcinoma.
Донација може да се направи и преку телефонските броеви: А1 143-450 и Телеком 143-122 (100 денари од повик), како и на сметките за донација:
денарска сметка: 200003057020079 MKD
IBAN: МК07200004151704073 AUD
IBAN: МК07200004151699514 EUR
IBAN: МК07200004151698059 SCF
IBAN: МК07200004157877153 USD
Стопанска банка АД Скопје, шифра 562, корисничко име Бојана Танеска Бонеска, цел на дознака: донација за лекување во странство.
Сите кои се во можност можат да донираат и преку GoFundMe. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива