News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 26, 2024

Охрид, 26. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од недела, 27-ми октомври 2024 година, почнува зимскиот распоред на летање на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Истиот ќе трае до 29-ти март 2025 година. До Цирих ќе летаат Chair Airlines AG и Edelweiss Air, а WizzAir ќе лета до Дортмунд, Меминген и Виена.

Сите детали за дестинациите, авиокомпаниите и фреквенциите на летовите можете да најдете на овој линк.

Од ТАВ Македонија информираат дека поради брзите промени во редот на летање, согласно информации добиени од страна на авиокомпаниите, патниците е најдобро да ја следат нивната веб страница за ред на летање ажуриран во реално време.

Од Охридскиот аеродром два пати неделно ќе се лета на релација Охрид-Базел-Милхауз-Охрид, и можеби најзначајната вест врзана за охридскиот аеродром е дека „Туркиш ерлајнс“ почнува редовно да лета веќе од 30-ти март 2025 година на дестинација Охрид-Истанбул-Охрид, четири пати неделно.

– Охридскиот аеродром на овој начин се отвора како дестинација кон најголемиот аеродром во Европа и аеродром кој што има најмогу конектинг летови, што е нова страница за аеродрмот, истакна ресорниот министер Александар Николоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука