Охрид, 26. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Александар Леко Радич, Нико Нестор, Климе Савин, Дики и Атина Бојаџи се само дел од пливачките легенди, на кои авторот Љупчо Паункоски им оддаде должна почит со документарниот филм „Охридските пливачки легенди“, за кој авторот доби плакета за репортажа на 32 издание на фестивалот „Манаки“ за краткометражен документарен филм.
Гран при наградата „Плакета Милтон Манаки” за најдобар филм на фестивалот му се додели на филмот „Формула на љубовта“ од авторите Ноела Нечкоска & Рената Петревска- Нечкоска од Република Македонија.
Љупчо Паункоски е вљубеник во фотографијата, но преку својата камера остава и видео-сведоштва за Охрид, родната Малесија и за луѓе од градот кои оставиле свој печат. По професија е електротехничар кој својот занает несебично им го пренесувал на своите ученици.
извор: ОхридПрес фото: архива