Кичево, 26. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти октомври 2024 година, во 22:10 часот, во кичевското село Зајас, лишено е од слобода 50-годишно лице од кичевското село Грешница.
– При претрес во неговиот дом во селото Грешница, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа три автоматски пушки калибар 7,62 милиметри, една ловна пушка, 10 ловни патрони и 188 куршуми калибар 7,62 милиметри, кои неовластено ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 148