News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 27, 2024

Охрид, 27. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охридски бербер Емин „профи“ започна со акцијата „Бербер за СИТЕ“, наменета за сите лица кои од повеќе причини, не се во состојба и можност, да дојдат лично во берберницата и да ги користат нивните услуги.

– Имавме повеќе вакви барања годиниве наназад, па сакавме да им излеземе во пресрет на сите наши сограѓани кои имаат потреба од вакви, посебни услуги за бричење и потстрижување. Акцијата е првенствено наменета за сите охриѓани кои не можат лично да дојдат и имаат потреба од користење на услугите надвор од берберницата. Услугата можат да ја добијат сите стари и немоќни лица, пациентите кој престојуваат во болници и неподвижни лица. Јавете се за договор на телефонот 070/944-641, потенцираат од Бербер Шоп „Шогун“ од Охрид.

Берберницата е лоцирана во старата охридска чаршија и годиниве наназад покрена бројни акции и иницијативи за помош на ранливи групи, деца и воопшто за своите охриѓани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Be1 Digital Marketing

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука