Охрид, 27. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска во Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид е примена дојава за опожарено возило.
– Ноќеска во 00:15 примена е дојава за запалено возило. Интервениравме со едно возило и три пожарникари, информираат од ТППЕ Охрид.
Според првичните, неофицијални информации, станува збор за возило марка „Фолсваген“ со скопски регистарски ознаки, кое било опожарено во селото Пештани.
Повеќе информации за причините кои довеле до инцидентот од МВР ќе соопштат во текот на денешниот ден. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ТППЕ Охрид
Прочитано: 43