Охрид, 28. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Скопското трио My Tear наскоро ќе има регионално концертно претставување на албумот „Кога не се сакаме“, кој беше објавен неодамна.
Претходно, тие ќе одржат концерт на домашен терен, во петок на 6-ти декември, во „Станица 26“ во Скопје. My Tear се Дени Крстев (вокал и гитара), Кристијан Лафазановски (тапани) и Ненад Трифуновски (бас).
Идејата на бендот е албумот да звучи како модерна варијанта на македонските бендови од осумдесетите како Хаос ин Лаос, Токму така, Падот на Византија, Мизар и Бадмингтонс…
Пред излегувањето на албумот објавени се два сингла – „На старите станици“ и „Истото го сакаш“, кои беа одлично примени во регионот, а на „Кога не се сакаме“ се наоѓаат уште седум песни, меѓу кои и „Овој ден“ од репертоарот на Фонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива