Охрид, 29. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Романската музичарка Francis On My Mind важи за еден од највозбудливите гласови во инди попот.
Позната по своите емотивни, интроспективни текстови и уникатниот звук, младата уметница не престанува да го привлекува вниманието на публиката низ Европа и пошироко. Нејзиниот последен сингл „Somebody Else But Me“ е моќна химна на самооткривање и емоционално ослободување.
Напишана од самата Francis, во соработка со познатиот шведски продуцентски Tim Diandian и текстот на Marlene Strand, оваа песна ги истражува темите на скршеното срце, прифаќањето на емоциите и наоѓањето сила.
Препознатливиот спој на инди-поп и искрено раскажување приказни на Francis On My Mind едноставно блеска на „Somebody Else But Me“. Нејзиниот глас, нежен и моќен, е совршен за оваа сурова, емотивна химна.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива